Мутко: МОК дозволува провокации на руските спортисти

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и меѓународните федерации не ги исполнуваат своите одговорности во врска со спортистите, така што дозволуваат провокации на руските спортисти на Олимпијадата во Рио де Жанеиро.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и меѓународните федерации не ги исполнуваат своите одговорности во врска со спортистите, така што дозволуваат провокации на руските спортисти на Олимпијадата во Рио де Жанеиро. Ова го изјави рускиот министер за спорт Виталиј Мутко, пренесува изданието Взгљад .

„Организаторот мора да го прекине натпреварот и да им каже на навивачите да престанат да ги дискриминираат спортистите, инаку трката ќе биде прекината. Треба да го направат тоа, но не направија ништо, ништо не беше прекинато. Секогаш сум велел дека меѓународните организации не се само надзорници, тие се и организатори и оператори на настанот. Тие треба да ги заштити сите земји и сите спортисти ... А, тие не си ја вршат својата работа“, рече Мутко во интервју за „Р-Спорт“.

Министерот за спорт рече дека Русија може да го прекине финансирањето на Светската антидопинг организација, доколку на Руската антидопинг агенција не ѝ бидат вратени правата.

На тековните Олимписки игри во Рио руската пливачка Јулија Ефимова, која освои два сребрени медали, беше предмет на непријателски однос од американските пливачи Лили Кинг и Мајкл Фелпс, потсетува „Спутник“.

Кинг изјави дека Ефимова била фатена „со лекови“, и дека „не е фан“ на руската спортистка. По завршувањето на натпреварот на 100 метри градно во понеделникот Кинг не ѝ честиташе на Ефимова, но ја прегрна Американката Кејти Мајли која ја освои бронзата. Фелпс исто така ги коментираше претходните допинг-нарушувања на Ефимова. Руската пливачка беше исвиркана од американските фанови на неколку настани за време на Олимпијадата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња