„Вчерашните телефонски разговори на Бајден со Порошенко и на Могерини со Климкин за Крим – и да не се многу јасни, сепак се знаци на тоа дека Западот е обесхрабрен од последните авантури на Киев и не е подготвен да ги поддржува украинските власти толку безрезервно како што беше порано“, напиша Косачов на својот профил на „Фејсбук“.
„Ритуалното „сите страни треба да придонесат за деескалација на затегнатоста“ претставува чекор напред во споредба со претходното „ние сме на ваша страна, за сѐ е виновна Русија“. Овие разговори првпат за подолго време не изгледаат како непромислена и показна демонстрација на антируска солидарност“, пишува Косачов.
„Ќе видиме. Можеби и ќе дојде времето кога Западот ќе има доволно мудрост и храброст да ги нарече нештата со своите имиња, а во таа низа ќе има и исцрпни оценки за практикувањето државен тероризам“, смета шефот на комитетот за меѓународни односи на Советот на Федерацијата.
Во петокот потпретседателот на САД Џозеф Бајден изјави дека Украина треба да избегнува ескалација на тензиите во односите со Русија, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче