Министерството за одбрана на Русија објави по повод одбележувањето на Денот на Военото воздухопловство на Русија спот под наслов „Со небото владеат силните“ во кое првпат се прикажуваат воздушни снимки од најновиот ловец од петта генерација Т-50.
Како што пренесува ТАСС, видеото содржи снимки од морнаричкиот ловец МиГ-29КУБ, школскиот борбен авион Јак-130, најновиот ловец Су-35С, морнаричкиот ловец Су-33, стратешкиот бомбардер Ту-95, како и од летовите на акробатските авиогрупи „Стрижи” и „Руски витези”.
Снимките од најновите ловци Т-50, Су35 и МиГ-29КУБ ги направи снимателот Павел Новиков на југот на Русија од воен транспортен авион Ан-12.
Во Русија во тек се одржуваат тестирања на ловецот од петта генерација ПАК ФА (познат и како Т-50), кој првпат полета во 2010 година. Државните тестирања треба да бидат завршени годинава, а за 2018 се планирани сериски испораки на овој авион.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче