Суд во Лозана ја одби жалбата на Исинбаева и Шубенков

Швајцарскиот федерален суд одби да ја суспендира одлуката на Судот за спортска арбитража во Лозана (CAS) со која на двајцата руските атлетичари им е забрането учество на Олимписките игри во Рио.

Швајцарскиот федерален суд во Лозана ја одби жалбата која денес ја доби од двојната олимписка шампионка во скок со стап Елена Исинбаева и минатогодишниот светски првак во трките на 100 метри со пречки Сергеј Шубенков, пишува ТАСС.

Жалбата на руските спортисти се однесуваше на одлуката на Судот за спортска арбитража од Лозана (CAS) со која не им се дозволува учество на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

„Не можам да зборувам детално, но тоа беше жалба која се однесуваше на воведувањето привремени мерки во вид на суспензија на одлуката на Судот за спортска арбитража сѐ додека не издаде соодветно образложение. Ваквата одлука нема во никој случај да нѐ запре од понатамошна постапка. Ќе продолжиме да работиме според планот, а ова е само мал чекор на почетокот“, рече Шубенков.

Претходно Судот за спортска арбитража на 21 јули донесе едногласна одлука да ја одбие жалбата на Олимпискиот комитет на Русија (ОКР) и 68 атлетичари на суспензијата за учество на Олимпијадата во Рио донесена од страна на Меѓународната атлетска федерација. Беше истакнато дека одлуката може да биде оспорена во Федералниот суд на Швајцарија во рок од триесет дена, пишува „Лента.ру“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња