Шест руски Ту-22М3 извршија напад врз објекти на ИД во Сирија

„Во реонот на Палмира и Арак се уништени командни пунктови и групи терористи, подземен магацин и оружје, три борбени возила за пешадијата, 12 теренски возила со митралези, голем број непријателска жива сила“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.

Шест руски стратешки бомбардери Ту-22М3 извршија напад врз објекти на терористичката организација „Исламска држава” источно и северозападно од Палмира во Сирија, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на Русија.

Рускиот воен ресор истакна дека авионите полетале од територијата на Русија и во реонот на населбите Сухне и Арак исфрлиле распрскувачки бомби. Недалеку од Сухне бомбардерите гаѓале команден пункт и голем камп на терористите.

„ Во реонот на Палмира и Арака се уништени командни пунктови и групи терористи, подземен магацин и оружје, три борбени возила за пешадијата, 12 теренски возила со митралези, голем број непријателска жива сила“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Русија што го пренесува РИА „Новости”.

По реализираната борбена задача сите авиони се вратиле на својот аеродром.

Видеото можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња