Медиум: Американските медиуми ги искривуваат фактите за Русија

Западните медиуми на јавноста ѝ нудат сензационалистичко и неверодостојно известување за Москва, што ги влошува лошите односи со Русија, истакнува експерт за американски портал.

Американските медиуми сѐ повеќе се оддалечуваат од фактите и преминуваат на пропаганда кога известуваат за односите меѓу Русија и САД и за ситуацијата во Русија, пишува помладиот научен соработник на вашингтонскиот Центар за национални интереси Рејчел Бауман во статија за „Национален Интерес“.

Според неа, медиумите треба да размислат за тоа дека она што се однесува на Русија тие не го гледаат она што е реално, туку она што сакаат да го видат.

Како еден од примерите експертот наведува статија на сајтот на Си-Ен-Ен, чиј автор го критикува американскиот кандидат за претседател Доналд Трамп, кој предизвика сензација со изјавите за можно укинување на санкциите против Русија и коментарите за претседателот Путин, пишува Бауман.

Авторот на статијата објавена на Си-Ен-Ен како аргумент го наведува мислењето на неколку критичари на Трамп, меѓутоа новинарот на Си-Ен-Ен „не цитира ниеден експерт кој би можел да има друго гледиште“. Така што Си-Ен-Ен не претстави различни погледи на проблемот, ниту поширок политички контекст“, истакнува Бауман.

Но, „највпечатлив пример за замена на фактите“, според Бауман, е еден текст од „Њујорк Тајмс“ за врските на шефот на предизборниот штаб на Трамп со наводната „мрачна страна на руската и украинската политика“.

Како што пишува Бауман, авторите на статијата не ги земаат предвид „бројните обиди“ на Манафорт да го одвои поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович од Москва и да го „префрли“ на страната на Вашингтон. Весникот го споменува тоа, но  премолчува дека сите тие обиди можеле да влијаат негативно на интересите на Русија, на пример, во сферата на енергетиката.

„Овие пример демонстрираат тенденција во западните медиуми да ѝ нудат на јавноста  сензационалистичко и неверодостојно информирање за Москва“, што ги влошува лошите односи со Русија“, истакнува Бауман.

Како што смета експертот, медиумите не сакаат да ги пренесуваат фактите и „се претвораат во отворени пропагандисти“. Последен пат нешто слично се случуваше за време на војната во Ирак. Последиците би можеле да бидат фатални.

„Како што пред речиси сто години пишуваше американскиот новинар Волтер Липман, најразорен облик на невистина се лажните аргументи и пропагандата на оние чија работа е да соопштуваат вести. Во текот на известувањето за ситуацијата во Русија и Америка би било добро западните новинари да го запаметат тоа“, заклучува Бауман. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња