Според соопштението, ЕУ воведува „конечни антидампинг царини... за увоз на определени производи од ладновалан челик“. Рокот на важење на давачките е пет години.
Претходно во февруари Европската комисија воведе привремени антидампинг царини за ладноваланиот челик од Русија. За Магнитогорскиот металуршки комбинат (ММК) давачката изнесуваше 19,8%; за „Северстаљ“ - 25,4%; за Новолипецкиот металуршки комбинат (НЛМК) - 26,2%.
Во јуни царината беше зголемена за „Северстаљ“ на 34,1%, за НЛМК и другите металуршки компании - на 36,1%. За ММК давачките, пак, беа намалени на 18,7%.
Портпаролот на ЕК Мина Андреева објасни дека новите царини ќе имаат ретроактивно дејство. Тоа значи дека ќе важат за увозот на челик регистриран во текот на двата месеци кои му претходеа на решението од 12 февруари 2016 года за воведување привремени царински давачки.
„Продолжуваме, на тој начин, да вложуваме напори, користејќи ги нам достапните инструменти на трговска заштита за борба со нечесниот увоз на производи од челик“, додаде Андреева.
Претставниците на сите три руски фабрики изјавија за РИА „Новости“ дека имаат намера да ги оспорат нововоспоставените царини. Претставник на НЛМК истакна дека истрагата на Европската комисија поминала со многубројни нарушувања и обвинувањата за дампинг се базираат на лажни заклучоци. Во ММК и „Северстаљ“ исто така се убедени во законитоста на своето работење.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче