„Нацрт-резолуцијата беше поднесен на разгледување, но по неколку изминати часа не беше постигнато негово усогласување“, изјави изворот, пренесува „Взгљад“.
Киев очекувано ја смета Русија одговорна за тоа.
„Русија ја блокираше поднесената од Украина резолуција на Советот за безбедност за Крим“, соопшти постојаното претставништво на Украина во ООН на Твитер.
Украина во четвртокот поднесе во Советот за безбедност на ООН предлог-резолуција во врска со вклучувањето на Крим во состав на Јужниот федерален округ на Русија.
Како што соопшти постојаниот претставник на Украина во ООН Владимир Ељченко, во документот се предлага изразување поддршка на „суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, а и се споменува резолуцијата на Генералното собрание на ООН која повикува на непризнавање на резултатите од референдумот по кој Крим стана дел од Русија.
Во четвртокот рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот со кој Јужниот и Кримскиот федерален округ ги спои во Јужниот федерален округ.
Министерството за надворешни работи на Украина изрази решителен протест до Русија во врска со тоа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче