Во четвртокот, 28 јули, рускиот претседател Владимир Путин направи серија кадровски промени во локалната власт, соопштува „Известија“.
Сменети беа голем број на претставници и губернатори. За директор на Федералната царинска служба беше назначен досегашниот ополномоштен претставник во Северозападниот федерален округ Владимир Булавин. Неговото место го зазеде гувернерот на Севастопољ Сергеј Мењајло, кој поднесе оставка по сопствена желба. За привремен губернатор на Севастопољ беше назначен поранешниот министер за индустрија и трговија Дмитриј Овсјаников. Губернаторот на Кировската област Никита Бели беше отпуштен поради губење на довербата по неговото апсење за поткуп.
Подоцна Путин се сретна со новоименуваните губернатори и ополномоштени претставници. На средбата беа поканети новиот ополномоштен претставник во Северозападниот федерален округ Николај Цуканов, привремените губернатори на Јарославската и на Калининградската област - Дмитриј Миронов и Евгениј Зиничев, новиот ополномоштен претставник во обединетиот Јужен федерален округ Владимир Устинов, ополномоштениот претставник на претседателот во Сибирскиот федерален округ Сергеј Мењајло, новиот губернатор на Севастопољ Дмитриј Овсјаников и вршителот на должност губернатор на Кировска област Игор Василиев.
Претходно Путин потпиша декрет со кој двата федерални окрузи - Јужниот и Кримскиот, се спојуваат во заеднички Јужен федерален округ (ЈФО), пишува „Взгљад“.
„Со цел зголемување на ефикасноста на федералните органи на државната власт пропишувам да се спојат Јужниот федерален округ и Кримскиот федерален округ во Јужен федерален округ“, гласи претседателскиот указ.
Структурата и организацискиот состав на новата администрација ќе бидат потврдени од страна на шефот на претседателската администрација. Под негово водство ќе бидат одржани и потребните организациски настани, се вели во пораката.
Претходно Путин со декрет го назначи досегашниот шеф на ЈФО Антон Устинов за ополномоштен претставник во обединетиот Јужен федерален округ.
Кримскиот федерален округ беше формиран со указ на претседателот во 2014 година, по ратификацијата на договорот за пристапување на Крим и Севастопољ во составот на Русија, потсетува весникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче