Меѓусирискиот дијалог треба да започне колку што е можно поскоро и без предуслови. Ова се вели во соопштението објавено на сајтот на руското Министерство за надворешни работи по консултациите Русија – САД - ОН.
Во документот се вели дека специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за Сирија Стафан де Мистура го означил крајот на август како приближен рок за нова рунда преговори. Руската страна забележа дека сириската влада се согласила да учествува во преговарачкиот процес.
Во руското МНР го подвлекуваат значењето на „инклузивниот карактер на делегацијата на сириската опозиција“: заедно со курдските делегати, во неа треба да бидат вклучени и претставници на организациите кои се опозиција на официјален Дамаск, а кои имаат конструктивни позиции и кои се стремат „кон сеопфатно политичко решавање на сириската криза“.
Во соопштението се вели и дека обидите за условување на почетокот на преговорите „со некакви вештачки предуслови“ се недопустливи. Исто така е неприфатливо на Сиријците да им се нуди некаков надворешен рецепт за решавање на кризата. Од руското МНР подвлекуваат дека единствени самите сириски страни во процесот на преговорите треба „да изработат договор за параметрите на сириската државност“.
Консултациите Русија – САД – ООН се одвиваа на 26 и на 27 јули во Женева, а на нив Русија ја претставуваше заменик-министерот за надворешни работи Генадиј Гатилов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче