FT: Путин води „ефикасна одбрана“ во економијата

Агресивната надворешна политика на Владимир Путин предизвикува бурна реакција во целиот свет, но на внатрешниот економски фронт тој води „неверојатно тивка и ефективна одбрана“, пишува британското издание „Фајненшл Тајмс“ (The Financial Times), а пренесува RT.

Агресивната надворешна политика на Владимир Путин предизвикува бурна реакција во целиот свет, но на внатрешниот економски фронт тој води „неверојатно тивка и ефективна одбрана“, пишува британското издание „Фајненшл Тајмс“ (The Financial Times), а пренесува RT. Ако своевремено улиците беа полни со автомобили „Бентли“, тогаш денес инвеститорите, па дури и претседателот, покажуваат воздржаност.

Во 2014 година, кога цените на нафтата паднаа, човек можеше да си помисли дека тој ќе почне да троши пари за да го ублажи ударот по економија, но наместо тоа тој им препорача на Русите да ги затегнат ремените. Москва престана да ги празни своите девизни резерви, да ја поддржува рубљата и ја пушти својата валута да плива слободно. Ова доведе до раст на инфлацијата - непопуларна мерка, но ретроспективно тоа може да се дефинира како паметен потег, забележува авторот на статијата.

Благодарение на слабеењето на рубља, дури и при падот на цените на нафтата, приходите од продажбата слабо се намалија изразено во рубљи. Во моментов буџетот балансира по цени од 50 долари за барел нафта. Во овој поглед „Русија е во многу подобра форма од други водечки производители на нафта како што е Саудиска Арабија“, пишува „Фајненшл Тајмс“.

Последните активности на Путин очигледно се предизвикани од стремежот веќе да не зависи од надворешни влијанија. „Русија исплати надворешен долг од над 200 милијарди американски долари во 2014 и во 2015 година“, наведува весникот. Економијата е стабилна, бидејќи Путин ги послуша советите на своите технократи, а тие предлагаа воздржаност, додава авторот на статијата.

Благодарение на строгата фискална и монетарна политика, инфлацијата падна од 15% минатата година до 6% во моментов; суверениот долг на земјата е само 11% од БДП. Се намали и одливот на капитал.

Всушност, тактиката на Путин е „ефикасна одбрана и никакво офанзива“. Тој прави чекори за поддршка на економската стабилност, а не за раст. „Русија суштински ги подобри позициите во последните анализи на Светската банка, но московските шефови го припишуваат тоа на козметичките промени направени по совет на консултанти ангажирани од Кремљ за подобрување на меѓународниот имиџ на земјата“, пишува „Фајненшл Тајмс“. Инвестициите остануваат премногу слаби, додава весникот.

Според весникот без „агресивни реформи“ Русија нема да забележи долгорочен раст, но „засега господин Путин заслужува пофалба барем за добрата одбрана“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња