Путин: борбата со тероризмот бара координираност на меѓународната заедница

Во Санкт Петербург во средата под покровителство на ФСБ Русија почна XV Советување на раководителите на специјалните служби, органите за безбедност и органите на редот и мирот во кое учествуваат 100 делегации од 63 земји и 4 меѓународни организации: ООН, ШОС, ЗНД и ЕУ.

За ефикасен отпор на тероризмот се потребни координирани дејствија на целата меѓународна заедница, а за специјалните служби е важно да ја зголемат соработката, се вели во поздравното писмо на претседателот на РФ Владимир Путин до учесниците на XV Советување на раководителите на специјалните служби, органите за безбедност и органите на редот и мирот во Санкт Петербург. Писмото го прочита директорот на ФСБ Александар Бортников, пренесува РИА „Новости“.

„Во центарот на агендата на советувањето е борбата со меѓународниот тероризам, кој поприми невидени размери и, во суштина, ја предизвика целата цивилизација. Ќе потенцирам, за ефикасен отпор на оваа закана се неопходни решителни и координирани дејствија на целата меѓународна заедница и основната улога треба да ја одиграат специјалните служби и органите на редот и мирот“, се вели во поздравното писмо.

Путин истакна дека за специјалните служби во такви услови е важно да го зголемат степенот на соработка, да го разменуваат здобиеното искуство, да ги искористат најсовремените форми и методи во однос на предупредувањето и пресекувањето на терористичките чинови, ширењето и пропагандата на екстремизмот и идеите на национална, верска и социјална нетрпеливост.

„Убеден сум, во текот на советувањето ќе биде дискутирано за широк круг на теми и проблеми кои бараат заеднички пристапи засновани на меѓународното право, а искажаните предлози ќе послужат за зајакнување на безбедноста на нашите држави и меѓународната стабилност во целина“, потенцира Путин.

Во Санкт Петербург во средата под покровителство на ФСБ Русија почна XV Советување на раководителите на специјалните служби, органите за безбедност и органите на редот и мирот во кое учествуваат 100 делегации од 63 земји и 4 меѓународни организации: ООН, ШОС, ЗНД и ЕУ. Основни теми на советувањето ќе бидат прашањата за спротивставување на тероризмот, ширењето на идеологијата на тероризмот и екстремизмот, проблемите во употребата на комуникациските технологии за терористички цели. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња