Песков: Русија не бега од дискусија за проектот „Турски тек“

Никој не бега од дискусија за проектот на гасоводот „Турски тек“, изјави за новинарите портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков,

Никој не бега од дискусија за проектот на гасоводот „Турски тек“, тоа е прашање на соодветност, комерцијални услови и политичка доверба, изјави за новинарите портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, пренесува РИА„Новости“.

Претходно министерот за економија на Турција Нихат Зајбекчи изјави дека политички решенија за изградба на гасоводот „Турски тек“ и АЕЦ „Акују“ има и дека импулсот за реализација на овие два проекти, како што се очекува, ќе го дадат лидерите на Русија и Турција на средбата на 9 август.

„Се работи во разни насоки, и вие знаете дека и „Гаспром“ не седеше цело време со скрстени раце, знаете дека се разработуваат алтернативни маршрути, при што се договараат со европските партнери. Во овој контекст можам да го споменам потпишаниот пред неколку месеци документ меѓу „Гаспром“ и европските компании“, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали РФ ја разгледува можноста за обнова на проектот „Турски тек“.

„Тоа е прашање на соодветност, прашање на комерцијалните услови и атмосферата на политичка доверба кои претставуваат, се разбира, најдобра, веројатно, гаранција за создавање привлечни економски услови. Затоа ова прашање е комплексно, но, несомнено, никој не бега од дискусија за овој проект и сите се заинтересирани за разгледување на прашањата за соодветноста на економската привлечност“, потенцираше портпаролот на претседателот на РФ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња