Обама: Можно е Русија да влијае на изборите во САД

Претседателот на САД Барак Обама изјави дека е можно Русија да влијае на изборниот процес за шеф на државата.

Претседателот на САД Барак Обама изјави дека е можно Русија да влијае на изборниот процес за шеф на државата, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

„Сѐ е можно“, изјави Обама во интервју за каналот Ен-Би-Си одговарајќи на прашањето дали Русите ќе се обидат да влијаат на изборите закажани за 8 ноември во САД.

Според информациите на агенцијата „Блумберг“, во текот на интервјуто исто така беше поставено прашањето за хакирањето на електронската пошта на Демократската партија. Обама одби да одговори на прашањето дали Русија е вмешана во таа ситуација, меѓутоа истакнал дека „експертите го припишуваат тоа (хакирањето) на Русите“.

„Мислам, ФБИ продолжува да го истражува случајот. И познато ми е дека Русите ги хакираат нашите системи. Не владините, туку приватните“, рече Обама.

Обама исто така изјави дека му е познато дека „Трамп изразил восхитеност од Владимир Путин“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња