„Русија ни даде целосна и безусловна поддршка за време на обидот за преврат, за тоа му благодариме на Путин и на сите руски претставници. Најверојатно ќе има средба меѓу двајцата претседатели во август, уште пред Г-20. На таа средба ќе се дискутира за важни теми – симнување на економските бариери и други чекори насочени кон целосна обнова на односите“, изјави Чавушоглу, пренесува „Взгљад“.
Минатата недела дипломати од Анкара соопштија дека Министерството за одбрана на Русија го предупредило претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган за неизбежниот воен пуч во земјата неколку часа пред да почне нападот на побунетите. Притоа Ердоган изјави дека отпрвин не им поверувал на вестите за обидот за преврат, туку дознал за дејствијата на војската од својот зет.
Ноќта на 16 јули во Турција се случи обид за воен пуч. Подоцна командата на турската армија изјави дека сите организатори на пучот се приведени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче