Како што прецизираше шефот на американската дипломатија,тој поаѓа од тоа што се надева дека ќе успее да има уште една рунда преговори со рускиот колега во главниот град на Лаос Виентјан во понеделник или вторник. Во Виетнјан наредната недела ќе се одржат различни настани поврзани со АСЕАН на кои планираат да учествуваат и Лавров и Кери, пишува „Взгљад“.
Државниот секретар на САД исто така смета дека е можна уште една средба со шефот на руската дипломатија во Женева. Сепак, Кери ја опиша како поверојатна средбата во главниот град на Лаос.
Притоа Кери ги отфрли критиките на адреса на новиот предлог на администрацијата на САД за воспоставување руско-американска антитерористичка соработка во Сирија за кој се разговараше минатата недела во текот на неговата посета на Москва.
„Претседателот на САД ја санкционираше оваа линија и ја наложи“, потенцираше првиот човек на американската дипломатија.
Според Кери, „претседателот (Обама) сака да провери дали се подготвени или не Русите да го направат она што ветија дека ќе го сторат на разговорите во Москва“.
Како што истакна Кери, „ние имаме намера многу детално да го провериме“ новиот договор на Москва и Вашингтон за Сирија „потпирајќи се не на доверба, туку на конкретни чекори“.
„Засега се забележува многу мал потенцијал кој, се надевам, ќе успееме да го искористиме“, убеден е државниот секретар на САД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче