Познатите руски „пранкери“, т.е. „телефонските хулигани“ Вован и Лексус, кои веќе повеќепати успеаја да откријат тајни на познати личности, овојпат од прва рака слушнаа што всушност лежи зад одлуката да им се одземе правото на руските атлетичари на учество на Олимпијадата, како и зад целиот допинг-скандал.
Вован телефонски им се јави на претседателот на Светската антидопинг агенција Крег Риди и на претседателот на американската антидопинг агенција Тревис Тајгарт, претставувајќи се како „министерот за спорт на Украина Игор Жданов”.
На сајтот НТВ.Ru се истакнува дека разговорите се одржани уште на 28 мај, но тогаш е решено да се одложи емитувањето, затоа што не сакале директно или индиректно да влијаат на одлуката на спортските функционери.
НТВ не ги откри сите детали на разговорот кој ќе биде објавен денеска, 22 јули, но соопшти неколку интересни изјави.
На пример, претседателот на WADA Крег Риди му призна на „министерот за спорт на Украина“ дека всушност не постојат никакви други докази против Русија освен интервјуто на Родченков за „Њујорк Тајмс“.
Отворен беше и претседателот на американската антидопинг агенција Тревис Тајгарт. Тој рече дека Русија треба да биде исфрлена од сите натпреварувања. „Тоа е политиката, пријателе“, рече Тајгарт.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче