Шест руски бомбардери Ту-22М3 извршија воздушен напад во Сирија врз објекти на „Исламската држава“ источно од Палмира и во околината на градовите Ес-Сухне, Арак и Ет-Тејбе во провинцијата Хомс, пренесува РИА „Новости“.
Како што соопшти Министерството за одбрана на Русија, стратешките бомбардери го извршиле нападот во 05 часот по московско време. Цели на воздушниот удар биле командни места, жива сила и техника на милитантите. Засиленото разузнавање во тој регион, вклучувајќи и сателитско, овозможило откривање на новите цели.
Се истакнува дека според информациите од објективната контрола, како резултат на нападот биле уништени две командни места на терористите, жива сила и воена техника на ИД.
Видеото од нападите можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче