Повод за истрагата се обвинувањата против Мутко во извештајот на независната комисија на WADA. Раководителот на таа комисија Роберт Мекларен на 18 јули изјави дека рускиот министер за спорт е одговорен за поддршката за допингот во Русија на државно ниво.
Во изјавата на комисијата за етика објавен на сајтот на WADA стои дека доколку биде потврдено кршењето на етичкиот кодекс, „ќе бидат донесени соодветни мерки и ќе биде одговорено на соодветен начин“.
Светската антидопинг агенција претходно бараше оставка на Мутко, член на извршниот комитет на ФИФА и претседател на Фудбалскиот сојуз на Русија. Извор во спортските кругови за радиото „Зборува Москва“ изјави дека доколку комисијата утврди вина на Мутко, од него ќе се бара да ја напушти функцијата претседател на ФСР. Во случај тој да одбие да го стори тоа, Русија ќе го загуби правото на глас во Извршниот комитет на ФИФА и можноста да биде домаќин на Светското фудбалско првенство во 2018 година, како и на Купот на конфедерациите во 2017.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче