Навивачите со билети ќе можат да дојдат во Русија на СП-2018 без виза

Вработен во волонтерскиот центар на поранешната Универзијада / Универзитетско село. Центарот регрутира волонтери за Светсиот куп на конфедерации 2017 и Светското фудбалско првенство. Казан, Татарстан.

Вработен во волонтерскиот центар на поранешната Универзијада / Универзитетско село. Центарот регрутира волонтери за Светсиот куп на конфедерации 2017 и Светското фудбалско првенство. Казан, Татарстан.

Максим Богодвид / РИА „Новости“
Сопствениците на билети за кој било натпревар од Светското фудбалско првенство можат да дојдат во Русија без виза во текот на шамопионатот плус 10 дена пред и по мундијалот.

Државната дума на Русија (долниот дом на парламентот) го усвои во последното, трето читање предлог-законот со кој им се дозволува на навивачите кои купиле билет за натпревар од светското првенство да влезат во земјата без виза. За стапување во сила на предлог-законот, истиот треба да биде одобрен од Советот на Федерацијата (горниот дом на парламентот) и потпишан од претседателот. Обично тоа се формални процедури.

Според предлог-законот, гледачите на натпреварите можат да престојуваат во Русија повеќе од еден месец – во текот на светското првенство, како и 10 дена пред и потоа. Тие ќе можат да влезат со пасош на навивач - Fan ID – кој ќе биде издаван од страна на Министерството за комуникација и врски на Русија при купувањето на билет. Според тврдењата на руските чиновници,  идентификувањето на навивачите, покрај поедноставувањето на формалните процедури на граница, ќе овозможи да се намали ризикот од нереди во текот на првенството.

Навивачите со Fan ID исто така ќе можат бесплатно да го користат градскиот и приградскиот превоз во градовите-домаќини на натпреварите.

Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 15 јуни до 14 јули 2018 година во 11 градови во Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња