Системот ќе може да открива „непријателски“ бродови и подморници на растојание од стотици километри, соопштува весникот „Известија“ повикувајќи се на претставник на Министерството за одбрана на Русија.
„Во моментов се работи на проект на нов систем. Работите треба да бидат завршено догодина, и по одобрувањето од Министерството за одбрана ќе почне негово распоредување“, изјави претставникот на министерството.
„Известија“ пишува дека поради тајност изворот одбил да ги наведе точните рокови кога ќе биде готов системот и местото каде ќе биде распореден. Според него, системот ќе може да покрива територија од стотици километри.
„Задачата е мошне сложена. Треба да се создадат три контури: морска, вселенска и копнена. Морската – тоа се хидроакустичните бови и подводни сензори кои ја снимаат ситуацијата и ги пренесуваат добиените податоци до сателитите од вселенската контура. Копнената контура е систем за управување кој веќе ќе ја анализира пристигнатата информација и ќе ја дава на нејзините корисници“, истакна претставникот на Министерството за одбрана на РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче