Советникот за надворешна политика на Доналд Трамп, Мајкл Флин, во интервју за германскиот весник Der Spiegel изјави дека кандидатот за републиканската номинација за американски претседател е воодушевен од Владимир Путин како личност која е олицетворение на грижата за интересите на својата земја.
Советникот на Трамп и поранешен директор на Разузнавачката управа на Министерството за одбрана на САД Мајкл Флин објаснува со што авторитетните лидери воодушевуваат, а со што американските претседатели го разочаруваат Доналд Трамп.
„Трамп ги цени оние луѓе што се грижат за интересите на своите земји и не се занимаваат премногу со интересите на другите. Путин води сметка за интересите на Русија и на Руската Федерација. Тој ја познава историјата на својата земја. Нему не може да му се каже „не ми се допаѓаш“. Тој мора да се цени. Тој е светски лидер“, го објаснува Флин ставот на Трамп.
Советникот откри дека Соединетите Американски Држави „секако“ ќе бидат „сигурен партнер“. Тој додаде и дека на Вашингтон му се неопходни квалитетни односи со Москва.
Флин и Трамп сакаат Соединетите Американски Држави да се занимаваат со своите проблеми.
САД не мораат да учествуваат во решавање на секој проблем во светот, изјави советникот и нагласи дека токму благодарение на ваквиот став Доналд Трамп успеал да добие толку голема поддршка од американските избирачи, пренесува порталот RT на руски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче