Мутко: Расформирана руската фудбалска репрезентација

Министерот за спорт на Русиja Виталиј Мутко исто така истакна дека во моментов се бара нов селектор на националниот тим

Министерот за спорт на Русија Виталиј Мутко изјави дека националната репрезентација во фудбал е распуштена, соопшти „Лајф“.

„Репрезентацијата ја нема, таа е распуштена“, изјави Мутко.

Министерот исто така истакна дека во моментов се бара нов селектор на националниот тим, затоа што Леонид Слуцки реши да се фокусира на работата во ЦСКА. Неговиот наследник ќе мора одново да ја формира репрезентацијата.

Претходно на 17 јули на администрацијата на претседателот на РФ ѝ беше предадена петиција за распуштање на репрезентацијата на Русија.

Во петицијата се вели за потребата од расформирање на репрезентацијата на Русија која „не ги оправда надежите“, намалување на бројот на странски фудбалери во домашното фудбалско првенство, воведување на лимит за платите на фудбалерите и обезбедување развој на детскиот спорт.

Во моментот на објавување на текстот петицијата беше потпишана од 931 илјади луѓе, со што таа стана најпопуларна во историјата на порталот change.org.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња