На прашањето зошто е убеден дека може да работи со Русите околу сириската криза, особено откако САД ја критикуваа Москва за нејзините постапки во врска со Украина и Крим, државниот секретар на САД Џон Кери изјави:
„Ние сѐ уште работиме на украинскиот проблем и сѐ уште не сме го решил. И искрено кажано, во разговорот со претседателот Путин потрошивме многу време за да ги означиме чекорите кои треба да ги преземеме за да дојдеме до договор и за Украина.
Така што зафатени сме со неколку различни проблеми. Покрај тоа, работиме и на решавање на конфликтот во Нагорно Карабах.
Но, што се однесува до Сирија. Ништо од тоа што го дискутиравме не се заснова на доверба. Јас не седам овде, наивно верувајќи дека Русија може нешто да стори или да не стори.
Ние дефиниравме конкретна серија чекори. Секој чекор е прелудиум на некаков следен настан. Ако тоа не се случува, тогаш нема да има напредок.
Но, една од причините поради која ние не го објавивме тој договор за секој да може да го погледне, се објаснува едноставно – имавме разочарувања. Примирјето не функционира како што е предвидено. Асад не го почитува. Самата Русија создаваше определени потешкотии.
Не сакам да ви влевам надеж. Сакам да уредам сѐ на начин на кој активностите меѓу нас ќе се засноваат на преземање чекори. И не станува збор за потпирање врз довербата или односите. Тој договор треба да биде потврден чекор по чекор и ако биде потврден, тогаш ќе има потенцијал да ја измени ситуацијата на теренот. Во спротивен случај ќе мораме да зборуваме за други варијанти и алтернативи“, изјави државниот секретар на САД на каналот Ен-Би-Си.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче