Зошто турската армија реши да го собори претседателот Ердоган

Ројтерс
По синоќашниот неуспешен обид за воен удар во Турција, едно е јасно: на авторитетот на претседателот Реџеп Таип Ердоган и исламистичката Партика на правдата на чие чело е тој им е нанесен колосален удар, смета Максим Јусин во својата колумна за „Комерсант“.

Воен удар во Турција немаше 36 години - од 1980 година. Значи г-дин Ердоган испровоцира таков преврат, ја стави земјата во хаос и го поткопа нејзиниот углед на меѓународната сцена. Зошто војската одлучи да му се спротивстави на турското раководство?

Прво, меѓу армијата, која традиционално се смета за гарант на секуларниот карактер на турската држава и сегашната исламистичка влада има сериозен идеолошки конфликт. Долго време се чинеше дека претседателот Ердоган, кој спроведуваше политика на притаена, но незапирлива исламизација, победил, го задушил отпорот на генералите, ги принудил да се помират со откажувањето од секуларните принципи на Кемал Ататурк, се ослободил од „петтата колона“ во вооружените сили, „чистејќи“ го офицерскиот кадар со помош на серија големи судски процеси. Но, се покажа дека не е така.

Второ, од гледна точка на многу граѓаните на Турција и значителен дел од нејзината елита, претседателот е одговорен за дестабилизацијата на политичката ситуација во земјата. Општеството е поделено, за што потврда беа масовните протести во 2013 година. Притоа власта упорно одбива да ја слушне опозицијата, и ја спроведува внатрешната политика само за своите гласачи, кои сочинуваат околу половина од населението.

Трето, претседателот Ердоган фактички предизвика обнова на граѓанската војна во турски Курдистан. Токму неговите постапки, според мислењето на многу турски политичари и самите Курди, доведоа до пораст на борбените дејствија и ги поништија долгогодишните напори на патот на мирниот дијалог. Како резултат на тоа земјата сега се најде во состојба на војна - и покрај тоа што пред неколку години за тоа немаше ни причини, ни предуслови.

Четврто, во надворешната политика на турското раководство успеа да ги расипе односите со речиси сите клучни играчи во светот и во регионот. Дипломатските резултати на владата на претседателот на Ердоган се депресивни. Во Сирија случувањата апсолутно не се според сценарио што го очекуваше Анкара. Во Египет, штитеникот Ердоган, исламистот Мохамед Морси, е тргнат од претседателската функција. Односите со ЕУ се расипани, што беше потврдено со признавањето на ерменскиот геноцид од страна на Германија во 1915 година и емоционалната состојба на работ на техничка грешка со реакција на турскиот лидер. Анкара практично нема шанси за влез во ЕУ во блиска иднина - и токму ова е целта која со децении си ја поставува раководството на земјата. Курдското прашање предизвика сериозни несогласувања со САД, а соборувањето на рускиот бомбардер предизвика невидена криза во односите со Москва, која до неодамна се сметаше за клучен партнер. Како резултат на тоа Анкара, откако го прогласи принципот на „нула проблеми со соседите“, денес речиси и да нема сојузници во регионот - со исклучок, можеби, на Азербејџан.

Сите овие околности, очигледно, и ги поттикнаа противниците на турскиот претседател да дејствуваат решително. Дел од армијата можел да дојде до заклучок дека е дојдено време да се спаси земјата од човекот кој со својата политика ја уништува, кој ја води кон раскол и, можеби, до распад, пишува Максим Кусин во „Комерсант“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња