МНР на РФ: Русија ќе биде обвинета за хемиско оружје во Сирија

Противниците на претседателот Башар ал Асад подготвуваат видеоснимка која божем ќе послужи како доказ дека руската и сириската авијација користат хемиско оружје, се вели во соопштението објавено на сајтот на МНР на РФ.

„Според податоците со кои располагаме 'филмската екипа' според најдобрата холивудска традиција има снимено 'воздушни напади' во кои гинат деца. За споменатата инсценировка да делува колку што е можно поавтентично, користени се и специјални ефекти, меѓу кои и жолт чад“, се вели во соопштението и се прецизира дека филмот е снимен на подрачјето на сириско-турската граница.

Исто така се истакнува и дека руската и сириската авијација во специјални операции вршат напади врз објекти на терористичките организации Исламска држава и Џебахат ал Нусра на молба на претседателот Ал Асад.

Муницијата која содржи хемиски супстанци во ваквите операции не се користи, соопштува Министерството за надворешни работи на РФ, и снимањето на филмот го нарече провокација, пренесува РИА Новости.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња