Кремљ соопшти за што ќе разговараат Путин, Лавров и Кери

Претседателот на Русија Владимир Путин во четврток попладне ќе ги прими шефот на МНР РФ Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери.

На средбата ќе се разговара за прашања поврзани со Сирија, Украина и билатералните односи, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Доцна попладне во четврток претседателот Путин ќе ги прими државниот секретар Кери и министерот за надворешни работи Лавров“, изјави тој пред новинарите, пренесува РИА „Новости“.

„Изборот на теми е доволно предвидлив: тоа се и Сирија, и Украина, и прашања од билатералните односи“, објасни Песков.

Ова посета на Кери на Русија ќе биде втора од почетокот на годинава и четврта од мај 2015 година 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња