Државниот секретар на САД Џон Кери неделава ќе ја посети Москва, соопшти портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби, пренесува РИА „Новости“.
„Вечерта на 14 јули тој (Кери) ќе замине за Москва, каде ќе има серија средби со низа високопозиционирани руски официјални лица за да дискутира за Сирија, Украина, Нагорно Карабах и други прашања“, изјави Кирби на брифингот.
МНР Русија потврди дека Кери ќе пристигне во Москва. Рускиот дипломатски ресор смета дека оваа посета – четврта од мај 2015 година – ќе придонесе за подобрување на атмосферата на руско-американските односи.
Постетата на Кери ќе се случи на 14-15 јули и е дел од европската турнеја на државниот секретар на САД, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче