Столтенберг: НАТО не ја смета Русија за непосредна закана

На самитот на НАТО во Варшава дискусијата за Русија била од неформален карактер, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс столтенберг.

Русија не претставува непосредна закана за која било од државите кои се дел од НАТО. Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на самитот на организацијата во Варшава, пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета“.

Притоа тој потенцираше дека НАТО не се наоѓа во стратешко партнерство со Москва.

„Сега сме во нова ситуација која се разликува од било што претходно“, изјави Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО прецизираше дека дискусијата за Русија на самитот била од неформален карактер и дека била „отворена и искрена“. Тој истакна дека главен резултат од таа дискусија е тоа што страните изразиле единство во својот пристап спрема Русија „кој се заснова на цврста одбрана и конструктивен дијалог“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња