Успешно лансиран „Сојуз МС“

На космодромот Бајконур извршено успешно лансирање на ракетата Сојуз-ФГ која ќе однесе нов човечки екипаж на Меѓународната вселенска станица.

Ракетата-носач „Сојуз-ФГ“ со првиот пилотиран брод од новата серија „Сојуз МС“ кој го носи новиот екипаж за Меѓународната вселенска станица, стартуваше од Бајконур, соопшти „Роскосмос“.

„Сојуз“ стартуваше во 04.36 по московско време. По 48 часа бродот ќе го достави на МВС новиот екипаж составен од космонаутот на „Роскосмос“ Анатолиј Иванишин, астронаутот на ЈАХА Такуја Ониши и астронаутот на НАСА Кетлин Рубинс, пренесува „Взгљад“.

Спојувањето со МВС е предвидено за 07.12 часот по московско време на 9 јули. На МВС новиот екипаж го очекуваат Алексеј Овчинин (Русија), Олег Скрипочка (Русија) и Џефри Вилијамс (САД).

Видеото од лансирањето можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња