Истражувачите ги проценуваа градовите врз основа на осум критеритуми, од времето поминато на пат до работа до висината на наемнината за еднособен стан.
Силиконската долина, според воспоставеното мислење, претставува едно од најпривлечните места за живот и работа на вработените во ИТ-индустријата во целиот свет. Меѓутоа, според проценката на аналитичарите на „Експерт Маркет“ таа не е најудобното и најповолоното место за работа на стручњаците.
Како што се покажа, за изнајмување еднособен стан во близина на најголемите ИТ-компании во Сан Франциско, како што се Uber, Twitter и Google, вработените струњаци треба да издвојат од 42 до 54 отсто од месечната заработка. Податоците на американското биро за статистика притоа велат дека удобен живот е можен само ако наемнината за стан не надминува 30%.
Најповолен град за живот во ИТ-секторот според аналитичарите е Берлин. Просечното време потребно за жителите на германскиот главен град за да дојдат на работното место изнесува само 34 минути. Колку за споредба, тоа време во Силиконската долина може да биде и неколку часови.
Интересно е дека Сан Франциско се наоѓа дури на четвртото место, додека на 2 место е Остин, а третото го зазема Торонто. Следуваат Амстердам, Монтреал и Париз и со тоа се затвора листата со првите десет градови. Според оценката на „Експерт Маркет“, Москва се наоѓа на 14 место.
„Светот е полн со луѓе кои не можат да го реализираат својот потенцијал, затоа што градовите во кои живеат не им ги нудат неопходните услови за тоа“, беше еден од мотивите за истражувањето, пренесува сајтот vc.ru.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче