Русија нема намерно да ослободува празни места за други држави, вклучувајќи ја и Турција со која започна процес на нормализација на односите.
„Тоа е процес кој ќе биде разделен на етапи по обновувањето на трговско-економската соработка, а исто така и со решавање низа политички прашања, вклучувајќи го и прашањето за визите и некои други“, изјави премиерот Дмитриј Медведев во интервју за програмата „Вести во сабота“. „Ајде да не зборуваме пред време, ние тие преговори треба да ги одржиме со нашите турски колеги. Но, сосема е очигледно дека нема намерно на ја менуваме економијата поради друга држава, меѓу кои и нашиот голем трговски партнер Турција“, додаде тој.
Првиот човек на руската влада потсети дека пред комплицирањето на односите Турција имала 5 проценти од надворешнотрговскиот обрт на Русија. По инцидентот во Сирија и по преземените економски мерки против Анкара на местото што го имаа зафатено турските компании дојдоа други. „Секако, во однос на оние кои со добри намери дојдоа на нашиот пазар, нема да преземаме одлуки за нивно отстранување или да им даваме некаков сигнал дека сега се враќаат турските испорачатели на производи и услуги. Не, сè ќе си остане како што е“, подвлече Медведев.
Истото ќе се случи и со Европската Унија, против која во следниве година и пол ќе дејствува ембаргото на прехранбени производи. „Што се случило – се случило. Тоа се тие загуби за кои ние постојано зборувавме“, изјави премиерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче