Кримските Татари ја повикаа Турција да го преиспита својот став за Крим и да го признае рускиот статус на кримскиот полуостров, изјави Ремзи Иљасов, претседател на движењето „Кирим“ кое се смета за најголема организација на кримските Татари на Крим.
„Го повикуваме турското раководство со целосно внимание да ги третира прашањата кои се однесуваат на Крим и на потезите на киевскиот режим во целост. Треба да се почитува изборот на жителите на Крим. Турција треба да го преиспита својот став за Крим и да го признае рускиот статус на кримскиот полуостров“, изјавува Иљасов, а пренесува „Взгљад“.
Според него, признавањето на кримскиот полуостров како дел од Русија ќе придонесе за зајакнување на безбедноста во црноморскиот регион.
Освен тоа, кримските Татари ги повикаа властите на Турција да не наседнуваат на шпекулации на украинските власти и на определени поранешни кримски политичари кои неверодостојно ги пренесуваат информациите за животот на жителите на Крим.
Според Иљасов, кримските Татари се подготвени да бидат „мост на пријателството“ помеѓу Русија и Турција. „Ние, кримските Татари, со надеж очекуваме зајакнување на пријателството и на добрите односи помеѓу Русија и Турција“, изјави тој.
Во средата претседателот на Русија Владимир Путин и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган имаа телефонски разговор, во кој се договорија да преземат мерки за нормализација на односите помеѓу двете земји, како да одржат состанок.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче