Семејството на загинатиот пилот не прима компензација од Турција

Семејството на загинатиот пилот Олег Пешков, чиј авион беше соборен во ноември на територијата на Сирија од турските воени сили, нема намера да прими компензација од Турција за загинувањето на војникот. Ова денес во интервју за радиото „Говорит Москва“ го изјави братот на загинатиот војник, Павел Пешков.

„Не, секако тоа се глупости, никој не подготвува никакви молби за компензација до Турција. Сега компензација ли ќе бараме? Такво нешто не ни паѓа на ум. Дури и ако ни понудат компензација, нема да ја земеме. Тоа не само што е понижувачки, ами е и ужасно“, изјави тој, коментирајќи ја информацијата за намерата на власта на турскиот град Кемер да му подари на семејството на Пешков куќа.

Претходно портпаролот на претседателот на Турција Ибрахим Калин изјави дека Анкара е подготвена да го разгледа прашањето за компензација на семејството на пилотот, со цел „да ја омекне болката на семејството“ доколку такво барање дојде од роднините на Пешков.

Да потсетиме, на 24 ноември минатата година турските воено-воздушни сили го соборија бомбардерот Су-24 на руските воено-космички сили на небото над Сирија. Пилотот Олег Пешков беше убиен од бунтовниците додека се спушташе со падобранот. Според тврдењата на официјална Анкара, рускиот авион го нарушил воздушниот просторот на Турција во делот на границата со Сирија. Министерството за одбрана на РФ изјави дека авионот се наоѓал исклучиво над сириската територија и дека „немало нарушување на воздушниот простор на Турција“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња