Интензивноста на воените вежби на Северноатлантската алијанса на границите со Русија е зголемена за повеќе од двапати, изјави министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу на колегиумот на министерството.
„Повеќе од двојно е зголемена интензивноста на активностите за обука на вооружените сили на НАТО кои се одржуваат во непосредна близина на руските граници“, изјави министерот, без да прецизира за каков временски период станува збор.
Тој исто така потсети дека воените бродови на САД и другите земји на Алијансата редовно навлегуваат во Црното и Балтичкото море.
Шојгу истакна и дека воената активност на НАТО на границите со Русија може да се зголеми по самитот на Алијансата во Вашингтон. „Не исклучуваме дека по варшавскиот самит на НАТО размерот на военото присуство и активноста на вооружените сили на Алијансата во близина на руските граници можат значително да се зголемат“, рече Шојгу.
Министерот изјави дека НАТО има распоредено во Источна Европа околу 1200 единици воена техника, вклучувајќи повеќе од 30 авиони и над илјада војници.
Шојгу потенцираше дека порастот на воената активност на НАТО ја поткопува стратешката стабилност во Европа и ја принудува Русија да презема возвратни мерки, пренесува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче