Руски воен брод на 17 јуни реализирал „небезбедни и непрофесионални“ маневри во близина на два брода на Воената морнарица на САД, соопштува агенцијата „Ројтерс“ повикувајќи се на претставник на американското министерство за одбрана.
Според информациите на анонимен претставник на Пентагон, руски брод од класата „Бестрашен“ поминал на растојание од 288 метри од разурнувачот на американската морнарица „Грејвли“, како и на растојание од пет морски милји (над 9 километри) од носачот на авиони „Хари Труман“ во Средоземното море.
Во составот на Воената морнарица на Русија влегуваат два бродови од проектот 11540 (според кодификацијата на НАТО – „Бестрашен“) – „Бестрашен“ и „Јарослав Мудриот“.
Претходно Министерството за одбрана на Русија ја обвини американската воена морнарица за грубо кршење на меѓународните правила и руско-американските спогодби за пловење, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче