Продолжувањето на санкциите против Русија е поврзано со реализацијата на „Минската спогодба“, изјави канцеларката на Германија Ангела Меркел на брифингот по завршувањето на седницата на Европскиот Совет во Брисел. Нејзиниот настап беше пренесуван во живо на сајтот на Европската комисија.
„Ние, како претседателот на Франција Франсоа Оланд, така и јас, уште еднаш поднесовме извештај денеска за степенот на реализација на „Минската спогодба“. И на тој начин укажавме дека продолжувањето на санкциите, за жал, во врска со степенот на реализација... е неопходно. На тој начин, ништо не стои на патот на продолжувањето на санкциите“, истакна Меркел.
Претходно постојаните претставници на земјите од Европската унија се согласија да ги продолжат санкциите против Русија, чија важност истекува на 31 јули, уште за шест месеци – до јануари 2017 година. Одлуката на дипломатите треба да ја утврди Советот на ЕУ, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче