ЕУ ги продолжува санкциите против Русија до крајот на јануари 2017 година

ЕУ го условува укинувањето на санкциите против Русија со имплементацијата на „Минската спогодба“ за Украина.

Постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ се согласија да ги продолжат економските санкции против Русија уште за половина година – до крајот на јануари 2017 година.

„Можеме да потврдиме дека Корепер (Комитетот на постојани претставници) се договори да ги продолжи мерките на ограничување во врска со дејствијата на Русија за дестабилизација на Украина и да продолжи и понатаму да ја оценува имплементацијата на „Минската спогодба“, изјави за РИА „Новости“ претставник на ЕУ кој посака да остане анонимен.

Дипломатот истакна дека продолжувањето на ограничувањата сѐ уште треба да биде потврдено од Советот на ЕУ. Изворот не можеше да даде конкретни рокови за процедурата.

Подоцна портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков го нарече нелогично условувањето на санкциите со реализацијата на „Минската спогодба“ од страна на Русија. Според него, реализацијата на спогодбата е одговорност на Киев.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња