„Многу нешта недостасуваа, би сакал да им се извинам на навивачите поради тоа што не успеавме да покажеме карактер, волја и вештина. Кога се губи во сѐ, тогаш е тешко да се издвои една работа, ни недостасуваше сѐ, за жал, тоа е реалноста. Веројатно репрезентацијата можеше да се претстави подобро, подготвен сум да ја преземам вината врз мене, значи, јас не бев во можност да ја најдам оптималната врска, да ги донесам играчите до оптималната подготвеност. Момчињата се трудеа најдобро што можеа, но се чини дека некои мои грешки не им дозволија да играат подобро. Го знаевме нивото на Герет Бејл и Арон Ремзи, тие уште еднаш го потврдија тоа“, изјави Слуцки, пренесува „Взгљад“.
„Разочарани сме од нашата игра и од фактот што не успеавме да ги оправдаме очекувањата на навивачите. Мислам дека треба да се смени тренерот, а што друго - тоа е прашање за РФС“, додаде селекторот.
И одбранбениот играч на руската репрезентација Василиј Березуцки им се извини на навивачите за големиот пораз од екипата на Велс во последниот натпревар од групната фаза на Евро 2016, соопштува официјалниот сајт на УЕФА.
„Велс денеска изгледаше подобро и нѐ надигра во сѐ. Им се извинувам на навивачите, ова е тешко да се нарече фудбал, затоа што загубивме со 0:3. Сите одигравме лошо. Сакам да им упатам зборови на надеж на навивачите и да им се извинам за тоа што го направивме денеска“, изјави Березуцки.
Во понеделникот вечерта во Тулуз репрезентацијата на Русија го загуби од Велс решавачкиот меч од групната фаза и испадна од понатамошните натпреварувања, заземајќи го последното, четврто место во својата група.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче