Јункер: ЕУ продолжува со санкциите против Русија

Претседателот на Европска комисија Жан-Клод Јункер потврди дека ЕУ ќе ги продолжи санкциите против Русија.

Прашањето за продолжување на санкциите од страна на Европската унија против Русија е решено, меѓутоа во текот на следната половина година режимот со санкции може да биде олабавен, изјави во интервју за „Евроњуз“ претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

„Во моментов е апсолутно јасно дека во јуни ќе ги продолжиме санкциите. Но во текот на следните шест месеци ќе го продолжиме мониторингот за да дознаеме дали има доволен напредок во исполнувањето на „Минската спогодба“ за да укинеме дел од санкциите“, изјави Јункер.

Притоа шефот на Европската комисија директно го поврза омекнувањето на санкциите со реализацијата на „Минската спогодба“. „Едноставно кажано, колку повеќе исполнети точки од „Минската спогодба“, толку помалку санкции“, истакна Јункер.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња