„Ние дури и знаеме која година, отприлика, Американците ќе добијат нова ракета која ќе има дострел не 500 километри, туку илјада, а потоа и повеќе, и од тој момент тие ќе почнат да го загрозуваат нашиот нуклеарен потенцијал. Ние до година знаеме што ќе се случува. И тие знаат дека ние знаеме“, изјави Путин на средбата со раководителите на меѓународните информативни агенции.
Според неговите зборови, во тој случај светот понатаму ќе влезе во апсолутно нова димензија. „Еве во што е проблемот. Се прават како ништо да не се случува. Но јас не знам како да допрам до нив“, истакна претседателот на Русија.
Тој потенцираше дека стратешките системи за противракетна одбрана се дел не од дефанзивниот, туку од офанзивниот стратешки потенцијал, „и сето тоа работи со иста врска со офанзивните ударни системи“, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче