За приведувањето на медиумските работници претходно објави весникот „Известија“. Новинарите го снимаа нападот на навивачите од Англија и Велс врз руските навивачи: триесетина лица нападнаа петмина Руси. Полицијата ги растера учесниците во тепачката со помош на солзавец.
По инцидентот сите навивачи се пуштени без проверка на документите, а руските новинари мораа да одговараат на прашањата на жандармите.
„Полицијата ги приведе новинарите без објаснување. На новинарите им се одземени акредитациите. По 20 минути руските новинари се пуштени“, се наведува во информацијата на порталот „Шампионат“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче