Во Њујорк истакнат транспарент со кој се фали Русија

Во чест на Денот на Русија во центарот на Њујорк на Менхетен се појави транспарент со слоганот „Русија. Замислете го светот без неа“.

Фотографијата ја објави Џеред Бејтман на неговата страница на „Фејсбук“.

Активистите на транспарентот покажаа примери за тоа што има направено Русија за светот во XX и XXI век. Тука се најде изумот на Владимир Зворикин (телевизијата), победата над нацизмот, првиот лет на човекот во вселената и ослободувањето на Сирија од терористите.

Слоганот на транспарентот е парафраза на насловот на американскиот документарен филм „Америка. Замислете го светот без неа“, пренесува „Взгљад”.

Активистите на тој начин истапија против американската теорија на ексклузивитет и потсетија дека светот без Русија би бил без големи достигнувања и победи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња