ARD и Зепелт на суд признаа дека филмовите за допинг во РФ се лага

Германскиот новинар Хајо Зепелт и телевизиска станица АРД признаа пред судот дека тврдењата во „документарните“ филмови за допинг во рускиот спорт не се вистински, изјави спортскиот адвокат Артјом Пацев.

Претставниците на германскиот новинар Зепелт и телевизијата АРД на суд рекоа дека тие сметаат дека тврдењата во филмот за допинг во рускиот спорт не се вистинити, изјави Артјом Пацев.

„Сакавме да утврдиме сѐ на јавна судска расправа и баравме да се презентираат докази. И на крајот на процесот претставниците на германската телевизија и новинарот Зепелт рекоа, како прво, дека не ги проверувале тврдењата на Степанови за состојбата во руската атлетика, и второ, потврдија и самите дека не ги сметаат тие изјави за вистинито, што влезе во записникот“, рече Пацев.

Пацев потенцираше дека Зепелт постојано тврдел дека неговите филмови за допинг во рускиот спорт не ги правел за да наклевети некого, туку за да некој во Русија конечно сфати што се случува таму.

Главните ликови на филмот на телевизијата ARD - спортистката Јулија Степанова и нејзиниот сопруг и поранешен соработник на руската антидопинг агенција Виталиј Степанов ги обвинија руските спортисти за систематска употреба на допинг, пишува „Лента.ру“. Токму со филмовите на АРД започна лавината од напади поради кои може да се случи руските спортисти да не учествуваат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња