Објавени задачите на Су-30СМ во Сирија

Тешките ловци Су-30СМ во Сирија ги извршуваат своите директни задачи (поддршка на бомбардери), а со помош на радарскиот систем ги наведуваат на целите руски јуришни авиони и бомбардери, соопшти директорот за производство во Иркутската фабрика за авиони (производителот на Су-30СМ) Сергеј Јаманов.

„Благодарение на својата одлична радарска станица Су-30СМ во Сирија извршуваше функции за наведување врз целта на нашите бомбардери и јуришни авиони“, пишува „Взгљад“. Според неговите зборови, Су-30СМ оди на безбедна висина и ги „осветлува“ целите за јуришните авиони и бомбардерите кои потоа нанесуваат удари врз копнените цели.

Притоа тој потенцираше дека дури и познатите американски Ф-35 и Ф-22 немаат таков локатор и „работат“ врз целите дури откако однадвор ќе ги добијат координатите на целите.

Во моментов Су-30СМ продолжуваат да ги вршат задачите во Сирија во состав на руската воздушна група. Тие се ангажирани и за придружба на други авиони. Така, на 18 април руските ловци Су-30 обезбедија безбеден коридор за авионот на ООН Ил-76 кој носеше хуманитарна помош за жителите на сирискиот град Деир ез-Зор, опколен од борците на „Исламската држава“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња