Сириската војска со помош на руската авијација успеа да ја премине границата на провинцијата Рака, соопшти агенцијата „Ел Арабија” повикувајќи се на информации на организацијата за заштита на човековите права „Сириска опсерваторија за човекови права“. Според информациите на агенцијата „Франс Прес“, сириската војска првпат по 2014 година влегува во провинцијата.
Претходно за почеток на офанзивата врз Рака соопшти либанскиот весник „Ал-Ахбар“. Според информациите на весникот, сириската војска веќе неколку дена се наоѓала во населбата Асрија во соседната провинција Хама.
Како што за агенцијата „Спутник“ соопшти воен извор, сириските единици со поддршка од руската авијација го зазеле стратешки важното село Абу ел Иљаџ и продолжиле да се движат кон населбата Ел Табка.
Терористите притоа претрпеле загуби, а најмалку двајца од нив се заробени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче