Извор за причините за испраќање две руски бригади на западот на РФ

Кон западната руска граница е испратено воено засилување составено до две моторизирани стрелечки бригади, пренесува „Интерфакс“.

Две моторизирани стрелечки бригади се испратени како засилување за групацијата руски воени сили во западен правец поради зголемената активност на Северноатланската алијанса, изјави за агенцијата „Интерфакс“ добро информиран извор.

Паралелно со формирањето три нови дивизии (две во состав на Западниот воен округ и една на границите на Јужниот воен округ) во правец кон западната руска граница од централното подрачје се префрлуваат уште две моторизирани стрелечки бригади, изјави за оваа агенција неименуван извор.

Тој прецизираше дека е почнато распоредувањето на 28 посебна моторизирана стрелечка бригада од Екатеринбург во Клинца во  Брјанската област и 23 мотострелечка бригада во Валујка во Белгородската област, пренесува „Лента.ру“.

Несомнено е дека овие мерки можат да се сметаат како одговор на зголемената активност на Северноатлантската алијанса во близина на руските граници, рече соговорникот на агенцијата.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња