Реакцијата на руските власти на кризата која можеше да биде многу тешка покажува дека Русија очигледно ги научила лекциите од минатото, пишува британскиот весник „Телеграф“.
„Русија се соочува со два основни проблеми: економските санкции и ниските цени на нафтата. Меѓутоа, токму овие два фактори истовремено ја поттикнуваат земјата на реформи кои би требало значително да ја зајакнат нејзината економија. Можеби тоа звучи парадоксално, но евтината нафта во комбинација со намалувањето на надворешниот долг, предизвикани од санкциите, им дадоа силен поттик на реформите“, се вели во текстот.
Како најважна одлука на руските власти аналитичарот го наведува преоѓањето на флуктуирачки курс на рубљата во ноември 2014 година. „Така валутата послужи како штит за економијата, штитејќи ја од поголемиот дел од реакциите на пазарот во однос на кризата“, пишува весникот. Тоа го стабилизираше надворешниот долг на земјата, но, за волја на вистината, доведе до пораст на цените и намалување на животниот стандард. „Инфлацијата, која во 2014 година изнесуваше 11,4%, во 2015 година достигна 12,9%. Меѓутоа, годинава се очекува нејзин пад на 7%, а следната година на 6,1%.”
Дури и санкциите имаа позитивни макроекономски и финансиски ефекти. Тие доведоа до намалување на рускиот надворешен долг за 30% во последните година и половина: кон средината на 2014 надворешниот долг на Русија беше 733 милијарди долари, а на почетокот на 2016 година 515 милијарди долари. Освен тоа, санкциите доведоа и до расчистување на банкарскиот сектор и до заострување на банкарската регулатива.
„Телеграф“ очекува руските власти да продолжат со одговорната политика и дека следната фаза на реформи нема да биде предизвикана од надворешни фактори, туку од волјата на самите Руси.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче