„Мојата посета на Санкт Петербург, која е повеќе од економска отколку од политичка природа, нема да биде основа за ЕУ да соопшти за каква било промена во односот на Русија“, рече Јункер, пишува „Взгљад“.
Тој исто така истакна дека неколкупати има повторено дека „санкциите (против Руската Федерација) остануваат истите сѐ додека не се реализира „Минската спогодба“.
Во понеделникот Европската комисија објави дека Јункер ќе го посети Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум на 16 јуни. Притоа портпаролот на ЕК Маргаритас Схинас изјави дека Европската комисија не гледа поврзаност помеѓу судбината на економски санкции против Русија и посетата на Јункер на Санкт Петербург.
Според портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, Кремљ очекува во иднина да се најде на патот на подобрување на билатералните односи со ЕУ – на претстојната посета на Јункер на СПМЕФ Москва гледа како знак на подготвеност за дијалог и го поздравува таквиот став.
20-от Санкпетербуршки меѓународен економски форум 2016 година ќе се одржи од 16 до 18 јуни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче