Медиум:Посетата на Јункер на Русија кај многумина е причина за тревога

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер планира следниот месец да ја посети Русија, но неговите планови предизвикуваат јасно незадоволство кај САД, некои европски земји, па дури и во својата администрација.

Според извори во дипломатските кругови, многумина стравуваат дека посетата на Јункер ќе ја зацврсти позицијата на рускиот претседател Владимир Путин во време кога ќе се разгледува клучното прашање за продолжување на економските санкции воведени против Москва.

Јункер планира да учествува во големата меѓународна конференција во Санкт Петербург. Овој годишен настан, на кој се поканети политичари, интелектуалци и деловни луѓе, често се нарекува путинова верзија на Светскиот економски форум во Давос. Претседателот на Европската комисија може да стане првиот шеф на еден од административните структури на Европската унија кој ќе ја посети Русија, откако во март 2014 година беа воведени против Москва санкциите поради инвазијата на Украина и анексијата на Кримскиот полуостров.

„Самите по себе средбите заради средби не се од корист на односите меѓу ЕУ и Русија“, изјави за Политико литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичус. „Кремљ ги користи овие средби за да се преправа дека со него може нормално да се направи бизнис. Обично, на прво место, тој се обидува да го убеди во тоа руското општество“.

Според помошниците на Јункер, тој планира да присуствува на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум, и покрај фактот дека овој настан не е во официјалниот распоред, и неговото име сѐ уште не се појавило во програмата на конференција за 16-18 јуни. „Тој беше поканет, планира да оди, сепак неговиот распоред често се менува, и ние официјално можеме да потврдиме единствено една недела однапред“, соопшти преку е-пошта портпаролот на Европската комисија.

Тоа му остава Јункер можност да се откаже од патувањето. Според некои официјални лица, тоа би можело да се случи ако Путин направи нешто исклучително провокативно, или ако ситуацијата во Украина се влоши. Покрај тоа, два дипломатски извора од институциите на ЕУ оваа недела рекоа дека некои соработници на Јункер го советувале да не учествува на конференцијата, повикувајќи се на чувствителноста на прашањето за санкциите. Портпаролката на Европската комисија одби да каже дали постојат разлики во администрацијата на Јункер во врска со оправданоста на посетата.

Според нашите дипломатски извори, некои земји - вклучувајќи ги Велика Британија и САД, како и некои од балтичките држави и од Централна Европа - неофицијално изразиле загриженост во врска со планот на Јункер. Тие сметаат дека неговото учество во овој настан, јасно насочен кон подобрување на угледот на Путин како државник, може да ја зајакне позицијата на Русија во деликатен момент, кога се води дискусија за санкциите. Не е познато дали Јункер ќе се сретне со Путин насамо.

Сепак, во Јапонија Јункер не ги спомена директно санкциите, а неговата планирана посета на Санкт Петербург не значи дека Европската унија го поддржува Путин лично или неговата политика во Украина.

Сепак, многумина сметаат дека присуството на претседателот на Европската комисија на самата конференција може да биде контрапродуктивно. Според еден од дипломатите, дури и ако Јункер за време на настанот даде драматична јавна изјава дека Русија не го почитува договорот и ги крши човековите права, „самиот факт дека тој е на форумот ќе биде повеќе поважен“.

Иако ЕУ во целина се стреми да го задри во односите со Москва цврстиот став, во март минатата година беше решено да се оди според методот на „морков и стап“, и министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија да започнат „селективна соработка“со Русија за прашања како што се Сирија, Блискиот Исток и борбата против тероризмот.

Оваа тактика како и претходно предизвикува кај многумина многу забелешки. Кога високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Федерика Могерини зборуваше во март за можна посета на Москва, беше објавено дека министрите за надворешни работи на ЕУ не успеале да се договорат за тоа дали ќе ѝ дадат мандат за таа посета. Могерини, претставувајќи ја Италија во Европската комисија, на крајот одлучи да не оди. Меѓутоа, ако посетата на Јункер се случи, таа може да го повтори неговиот обид. „Ако оди Јункер, Могерини може да го следи неговиот пример“, вели еден европски дипломат.

На 19 мај Могерини изјави дека Европската унија веројатно ќе и продолжи санкциите, но навести скора ревизија на политиката во голем обем. „Во втората половина од оваа година, владите на ЕУ треба да направат темелна политичка процена на почитувањето на „Минската спогодба“ и да решат каков треба да биде патот за решавање на конфликтот во Украина“, изјави таа.

Во однос на Јункер, во октомври минатата година, тој изненади многумина залагајќи се за зајакнување на односите со Москва. „Ние треба да воспоставиме практични односи со Русија“, изјави тој. „Тоа може да ни се допадне, но тоа е неопходно, бидејќи не може да се продолжи“, пишува „Политико“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња